1
Опис
Билјана С. Црвенковска – „Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ (книга-нопак! со две корици)
Илустрации: Нита Муча
Категорија/жанр: Книга за деца; илустриран роман
Едиција: Различни и прекрасни
Формат: Б5
Повез: мек
Број на страници: 88
Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград – книга-нопак!” е книга за едно многу посебно девојче од еден многу посебен град. Осамено сираче кое вдомува несакани суштества, суштества кои се секогаш обесправени заради нивниот изглед: стаорци, бубачки, пајаци, црни мачиња, лилјаци… но и чудовишта, а и еден многу пријателски настроен дух. Но, тоа не е сè, затоа што спроти Страшкоград има уште еден град, наречен Сретково – прекрасен град во кој живеат сите убави, слатки суштества. Со овој град владее принцезата Роза. Но, ништо не е онака како што изгледа на прв поглед.
Книгата има две корици, но всушност се чита одназад. И да, постои причина за тоа, освен што е необично, интересно и забавно. Причината е што понекогаш работите треба да ги погледнеме од друг агол, за да можеме да ги разбереме.
Романот е фантастична приказна која им посочува на децата да не судат според изгледот, да ги отворат срцата за оние што се различни од нив и ги учи дека добрината, пријателството и храброста можат да се најдат и на мошне неочекувани места.
Тежина: 0.1
Сигурна достава
Оригинални производи
Можност за замена
Сигурно плаќање
Може да ти се допадне
Често купувам онлајн, ама ретко кога сум вака задоволен од целиот процес. Производот пристигна побрзо од очекуваното, одлично спакуван и токму како на сликите. Ми се допаѓа што сите информации беа јасни и што можам да платам при достава. Ќе нарачам повторно.
-Анастасија Ф.
Имав мала дилема пред да нарачам, но поддршката на Mitra ми одговори за само неколку минути и ми помогна да го изберам вистинскиот производ. Кога пристигна, беше во перфектна состојба. Преголема разлика прави тоа што секогаш има кому да се обратиш.
-Калина В.
Не сум некој што остава коментари, но овојпат морав. Навистина вреди за парите. Квалитетот е супер, а најмногу ме доби тоа што доставата беше многу брза. Препорачувам без дилема.
-Филип С.
Целиот процес беше премногу едноставен. Избрав производ, внесов податоци и за брзо нарачката беше потврдена. Без компликации и без никакви проблеми што не е случај со онлајн шопингот во Македонија.
Петар Н.
Она што најмногу ми се допадна е изборот. На едно место најдов неколку брендови и производи кои инаку ги барам на повеќе сајтови. Кај Митра буквално завршив сè со една нарачка.
-Ана К.
Ми се допадна тоа што добив потврда и информации за нарачката веднаш. Целиот процес беше транспарентен и точно ми кажаа кога да ја очекувам доставата.
-Марко Т.
Прв пат купувам од Митра и искрено бев малку скептична, но сè помина одлично, од потврдата на нарачката до доставата. Дефинитивно ќе купам пак.
-Ивана М.
Сајтот е многу лесен за користење и брзо го најдов тоа што го барав. Нарачката ја направив за неколку минути. Фала ви многу
-Александар П.