Оваа Политика на приватност содржи објаснувања за обработката на лични податоци при посета и / или користење на интернет услугите достапни на нашата веб страница.
Митра ДООЕЛ
ул. Прашка бр. 19
ЕДБ: 4057019545004
Сметка: 300000005128135
Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници — Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:
Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник.
Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или услуга од нас или од нашите бизнис соработници, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас или нашите бизнис соработници, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас или нашите бизнис соработници повратни податоци, барање податоци за нашите услуги, поднесување на договор за соработка, објавување на видео или регистрација за специјални понуди од трети лица преку вебсајтот (“Активности за Идентификација”), може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас.
Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од тебе да обезбедите одредени лични податоци.
Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку HTTPS безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на ХалкБанк.
Во зависност од активноста, некои податоци се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да ти биде дозволено да се вклучите во таа активност.
Доколку одлучите да ја користите нашата услуга да купите за пријател, ние ќе ти го побараме името на Твојот пријател и неговата е-маил адреса. Автоматски ќе му испратиме еднократен е-маил на Твојот пријател со подарокот кој сте го купиле за него или покана да го посети нашиот Веб сајт.
Митра ќе ги зачувува овие податоци со една единствена цел – да се испрати овој еднократен е-маил, подарок кој сте го купиле и заради следење на купувањата за подарок.
Твојот пријател може да не контактира нас со испраќање на е-маил на contact@mitra.mk и да побара овие податоци да бидат отстранети од нашата датабаза.
Ние ги користиме личните податоци за да ти обезбедиме производи и услуги, заради администрирање на игри и натпревари, за да го подобриме работењето на веб-страната, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-страната, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме твоето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци.
На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме твоите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Твојот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страна. Твоите коментари може да содржат лични податоци како што е на пример твоето име, ние ќе побараме согласност од тебе за да го објавиме Твоето име заедно со Твојот коментар, пред објавувањето на Твојот коментар пред јавноста.
Може да ги користиме личните податоци и за решавање проблеми/спорови, административни задачи, контакт со тебе и спроведување на договори (вклучително Услови на користење и оваа Политика), во согласност со применливиот закон.
Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник.
Ние, и / или нашите овластени трети странки Бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како “Cookies” и Web beacons или Пиксел тагови, како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци.
Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме твоето искуство вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која Митра ја има со вас.
При самата регистрација вие имате можност да одберете дали сакате или не сакате да добивате дневни емаил известувања.
Во било кое време можете да одберете да не добивате промотивни е-маил пораки од нас со следење на инструкциите кои се содржани во секој промотивен е-маил испратен од нас. Ако не сакате да добивате Промотивни Пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки со притискање на “отчлени се” копчето на дното од било која од нашите е-пораки и потоа следете ги инструкциите за да го комплетирате отчленувањето.
Сепак, Те молиме имајте предвид дека без разлика дали ќе се отчлените од добивање промотивни пораки, ние се уште може да ти испраќаме не-промотивни е-маил пораки за извршени трансакции, активности на Твојот профил, купување или потврда за одредена активност која сте ја презеле преку Твојот профил.
Можете да одберете како Твојот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со опцијата “Поставки на колачиња” која се појавува како Pop Up кога го посетувате www.mitra.mk. За повеќе информации те молиме посетете ја “Политиката за колачиња”.
Исто така може да одберете кои податоци ги споделувате со нас кога се поврзувате со нас преку Социјалните мрежи или апликации. Те молиме погледнете ја Политиката за приватност и Политиката за колачиња за да може да научите како да ги прилагодите пермисиите и да ја промените интеракцијата помеѓу Митра и Твојот профил на социјалната мрежа или апликација.
Ние (или нашите “Бизнис Провајдери” во наше име) нема да ги споделиме, продаваме или изнајмуваме твоите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:
Партнери: Ние можеме да ги споделуваме твоите податоци со на Митра партнерите. Бизнис Соработниците чии услуги и производи се промовираат, може да побараат податоци за Митра корисници кои ја купиле понудата, со цел да им помогнат при замената на производот. Во овие случаи, ние споделуваме некои од Твоите лични податоци со на Митра партнерите.
Провајдери: Ние можеме да ги споделуваме Твоите податоци со овластени трети лица – Бизнис Провајдери. Овие “трети лица – Бизнис Провајдери” извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Твоите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки, доставување пакети, испраќање поштенски или електронски меил, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на вебсајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние, исто така, може да собираме лични податоци од поединци и претпријатија со кои имаме бизнис односи и може да ги споделуваме Твоите податоци со Бизнис провајдери со цел да се остварат нашите административни задачи.
Плаќања и достава: На пример, кога нарачувате некој производ, податоците од Твојата платежна картичка се процесираат преку платежниот процесинг систем на ХалкБанк со цел да се потврди плаќањето и доколку е успешно остварено може да испратиме податоци за твојата адреса на испорачувачот на производот заради реализација на услугата. Исто така, можеме да дадеме податоци за Митра продавачот на нашата банка со цел да се направи исплата.
Правно: Ние го задржуваме правото да ги откриеме Твоите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.
Агрегирани податоци: Може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци (агрегирани демографски) со бизнис соработници и огласувачи. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со “Огласувачи” или “Маркетинг компании”.
Ние ги охрабруваме Митра продавачите и третите лица Бизнис Провајдери да ги усвојат и објават своите Политики за заштита на лични податоци. Сепак, употребата на Твоите лични податоци од страна на тие лица е уредена од страна на тие странки во Политиките за заштита на лични податоци и не е предмет на наша контрола.
Податоците кои вие ги имате оставено се користат со цел да се овозможи онлајн користење на веб сајтот на Mitra.mk и непречено да се одвиваат сите активности по купувањето, достава на производот на саканата адреса, телефoнски контакт и други активности потребни за доставата.
Регистрација
За целите на регистрација на корисниците, се користат следните податоци: име, презиме и емаил адреса.
Достава
За целите на достава се користат адреса, место на живеење и контакт број.
Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења.
За да се олесни и прилагоди твоето искуство со веб-страница, ние зачувуваме cookies на твојот компјутер. Колаче е мал текстуален податок кој е складиран на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме колачиња додека ја користитите нашата веб страница со цел да ти заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Колачињата, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале.
Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но вие можете да ги промените подесувањата за кои колачиња ќе ги користиме при твојата посета на веб страницата со опцијата “Поставки за колачиња”, за да одбиете зачувување на одредени колачиња. За повеќе информации прочитајте ја целата “Политиката за колачиња”.
Ние може да користиме други стандардни технологии како пиксел тагови за да ја следиме Твојата употреба на нашите веб-страници и промоции, или може да им овозможиме на нашите Бизнис провајдери да ги користат овие уреди во наше име.
Pixel тагови се мали графички слики поставени на некои страни од нашиот веб-сајт или во нашите е-пораки, кои ни овозможуваат да одредиме дали сте извршиле одредена акција. Кога ќе пристапите до овие страници или ја отворите твојата е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични податоци за таа акција.
Податоци од паметни уреди користиме кога твојот уред има интеракција со нашиот сајт или апликацијата и кога не сте логирани на нашиот сајт. Ако имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Твојот мобилен уред, те молиме обратете се за информации и инструкции кај Твојот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности.
Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци.
Oбработката на личните податоци се врши преку „клауд“ услуга која е обезбедена преку „аутсорсинг“ cloud provider со кој како обработувач е склучен договор со кој во целост се почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци, за истото е заведена и прифатена Пријава во АЗЛП под број 11-217/1 за пренос на лични податоци во држава членка на ЕУ или Европскиот економски простор согласно член 48 став (3) од Законот за заштита на лични податоци.
Собрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Твоите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.
Купувањето на Mitra.mk е целосно безбедно – сите трансакции се заштитени со SSL енкрипција и се процесираат преку сигурносниот систем на Комерцијална банка.
Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Твоите лични податоци доколку се променат.
Доколку сакате да го деактивирате или отстраните профилот може да испратите барање на contact@mitra.mk.
Твоите лични податоци ќе ги чуваме се додека твојот профил е активен. Сепак, деактивирањето на твојот профил не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на веб-страната поради евенутален случај на спор, анализи на продажбите, месечни и годишни извештаи.
Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита твојот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ти се доброволно изложени, па затоа Те молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци.
Имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.
Митра им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи
Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од тебе на contact@mitra.mk . Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.
Митра не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на Митра изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на услуги и производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години.
Бизнис Провајдери
Трети страни кои изведуваат бизнис операции во име на Митра, како на пример процесирање на трансацкии, комуникациски сервиси (е-маил, испорака на пратки и сл.), маркетинг, процесирање на податоци и аналитика, платформи за рекламирање или информациско-технолошки услуги и сл.
Бизнис Соработници
Трети страни со кои соработуваме како определени компаниите чии понуди се промовираат, маркетинг агенции, дистрибутери и продавачи или ицијативи во слободен простор.
Податоци од паметни уреди
Податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Твојот систем, држава и временска зона на Твојот уред, гео локација и софтвер на Твојот уред.
Не-лични податоци
Податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.
Друштвени јавни области
Збирно на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на понудите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашиот сајт.
Колаче
Единствен идентификатор, најчесто составен од мали битови на текст или код.
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот кој е потребен за постигнување на целта на обработката согласно договор. Податоците за корисниците и купувачите кои се собираат во дефинираните збирки на податоци се чуваат во рок од 30 дена од денот на поднесено барање за бришење на податоците од корисникот.
Твоите лични податоци содржани во твоето резиме (CV) што се праќаат при конкурирањето се чуваат 3 месеци согласно Законот за лични податоци, членовите 9 и 16. Доколку сакате твоите лични податоци порано од предвидениот рок, те молиме контактирај те не на contact@mitra.mk
Твоите права во однос на обработката на личните податоци се:
Во секое време можете да поднесете барање и до Агенцијата за заштита на лични податоци за твоите права.
Образец 1
Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Те молиме посетувајте ги политиките за информираност при евентуални промени.