Почетна/Велосипеди и тротинети/

    Smart - Trike Точаче Трицикл "Splash" (10-36 мес.)

    Smart - Trike Точаче Трицикл "Splash" (10-36 мес.)

    1

    Опис

    • Smart Trike е најпознатиот, најпродаваниот и најнаградуваниот светски бренд на точачиња - трицикли, присатен во преку 80 земји во светот. 

    • Smart Trike SPLASH е трицикал наменет за деца од 10-36 месеци, изработен од трајни високо-квалитетни материјали и ќе ви овозможи долги години користење и забава. 

    • Splash е паметен трицикал кој го прати растот и развојот на вашето дете преку прилагодување во 5 фази:

      • Фаза 1 (10+ месеци): детето е удобно поставено во наслонот кој е целосно навален наназад. Може удобно да отспие или да ужива во возењето, обезбедено со сигурносните ремени и заштитната преграда, додека целосна контрола врз управувањето имаат родителите.

      • Фаза - 2 (15+ месеци): детето е удобно поставено во високиот наслон, педалите се склопени, а нозете слободно поставени врз додатоците за одмор на нозете кои исто така се склопиви. Родителот има целосна контрола во управувањето на точачето. И понатаму детето е обезбедено со заштитната преграда и ремените.

      • Фаза - 3 (18+ месеци): детето седи исправено, покривот, високиот наслон и заштитната преграда се вадат. Родителот се уште има целосна контрола на управувањето. Децата и понатаму уживаат и ја унапредуваат самодовербата, ги развиваат своите моторички вештини и способноста за балансирање.

      • Фаза - 4 (24+ месеци): со притискање на копчето на предното тркало префрлете ја контролата врз педалите и управувачот кај детето и овозможете му да учи педалирање и управување, со ваша контрола преку рачката за родителот која е уште тука.

      • Фаза - 5 (30-36 месеци): одстранете ја родителската рачка и овмозможете му на детето потполно само и непречено да ја превземе целосната контрола.

    • Touch steering - уникатен систем на управување само со лесен допир на рачката без и најмал напор за родителите, без болки во зглобовите.

    • Копче за промена на контролата на управување помеѓу родителот и детето. Само притиснете го копчето и завртете го тркалото за 180 степени и предајте му ја контролата на детето или пак вратете ја назад кај вас.

    • Педали со 2 фази на вежбање: 1 фаза му дозволува на детето да врти (вежба) во празно и вие ја имате потполната контрола, 2 фаза - кога сметате дека детето е спремно, со притискање на дискот на тркалото навнатре му овозможувате тоа вистински да педалира.

    • Предни амортизери како абсорбери на шокови кои овозможуваат мазно движење на нерамен терен.

    • Со посебни држачи за нозе кои се склопиви и се користат додека детето е се уште мало. Истите може да се соберат навнатре кога детето ќе биде способно само да педалира.

    • Седиште со висок наслон обложено со мек и удобен материјал, со подесив агол на седење до 110 степени.

    • Тркала обложени со мека гума со високи амортизациони карактеристики.

    • На рачката е сместен несесер за сите потрепштини на родителите. Поседува голема шопинг торба и кутија за играчки за да се понесе се што е неопходно, па дури и повеќе и тоа.  

    • Сигурносни ремени со 3 позиции и заштитна преграда за детето да остане сигурно во седиштето.

    • Со сончев кров за заштита од директно сончево зрачење.

    • Држач за чаша или шишенце.

    Тежина: 3

    Сигурна достава

    Оригинални производи

    Можност за замена

    Сигурно плаќање

    Може да ти се допадне

    Мислења од нашите корисници

    Често купувам онлајн, ама ретко кога сум вака задоволен од целиот процес. Производот пристигна побрзо од очекуваното, одлично спакуван и токму како на сликите. Ми се допаѓа што сите информации беа јасни и што можам да платам при достава. Ќе нарачам повторно.

    -Анастасија Ф.

    Имав мала дилема пред да нарачам, но поддршката на Mitra ми одговори за само неколку минути и ми помогна да го изберам вистинскиот производ. Кога пристигна, беше во перфектна состојба. Преголема разлика прави тоа што секогаш има кому да се обратиш.

    -Калина В.

    Не сум некој што остава коментари, но овојпат морав. Навистина вреди за парите. Квалитетот е супер, а најмногу ме доби тоа што доставата беше многу брза. Препорачувам без дилема.

    -Филип С.

    Целиот процес беше премногу едноставен. Избрав производ, внесов податоци и за брзо нарачката беше потврдена. Без компликации и без никакви проблеми што не е случај со онлајн шопингот во Македонија.

    Петар Н.

    Она што најмногу ми се допадна е изборот. На едно место најдов неколку брендови и производи кои инаку ги барам на повеќе сајтови. Кај Митра буквално завршив сè со една нарачка.

    -Ана К.

    Ми се допадна тоа што добив потврда и информации за нарачката веднаш. Целиот процес беше транспарентен и точно ми кажаа кога да ја очекувам доставата.

    -Марко Т.

    Прв пат купувам од Митра и искрено бев малку скептична, но сè помина одлично, од потврдата на нарачката до доставата. Дефинитивно ќе купам пак.

    -Ивана М.

    Сајтот е многу лесен за користење и брзо го најдов тоа што го барав. Нарачката ја направив за неколку минути. Фала ви многу

    -Александар П.

    cta banner
    logo

    Сè што ти треба, на еден клик

    ВИДИ ПОВЕЌЕ

    НАЈДОБРИ ЦЕНИ #KAJMITRA

    logo