Заштеди -20%
1
39.800 ден.
Опис
Xiaomi Robot Vacuum H50 Pro – робот правосмукалка со станица, 15.000Pa
Xiaomi Robot Vacuum H50 Pro е напредна роботска правосмукалка за автоматско суво и влажно чистење. Моќното вшмукување од 15.000Pa ефикасно отстранува прашина, влакна и поголеми нечистотии, додека двојните ротирачки мопови ги чистат тврдите подови со брзина до 180 вртежи во минута.
Двата подвижни роботски краци автоматски ги продолжуваат страничната четка и мопот за темелно чистење покрај ѕидови, во агли и под мебел. LDS ласерската навигација прецизно го мапира домот, а широкoаголната ласерска детекција од 129° му помага на роботот да ги препознава и избегнува пречките.
Повеќефункционалната станица автоматски ја собира прашината, ги пере моповите и ги суши со топол воздух за само 2 часа, со што се намалуваат влагата и непријатните мириси.
Моќност на вшмукување: 15.000Pa
Функции: Вшмукување, метење и влажно бришење
Мопови: Два ротирачки мопа со 180 вртежи во минута
Чистење на рабови: Подвижна странична четка и продолжлив моп
Заштита од заплеткување: Главна и странична anti-tangle четка
Навигација: LDS ласерско мапирање
Избегнување пречки: Ласерска детекција со агол од 129°
Препознавање теписи: Автоматско подигнување на моповите до 10 mm
Станица: Автоматско празнење на прашината
Перење мопови: Автоматско ротирачко перење
Сушење мопови: Со топол воздух за приближно 2 часа
Резервоар за чиста вода: 4 литри
Покриеност со едно полнење вода: До 240 m²
Кеса за прашина: До 75 дена употреба, зависно од условите
Батерија: 5200mAh
Управување: Преку апликацијата Xiaomi Home
Гласовни команди: Google Assistant и Amazon Alexa
Боја: Бела
Шифра: BHR089NEU
Верзија: EU
Димензии: 52,5 × 46,5 × 39,5 cm
Тежина: 13
Сигурна достава
Оригинални производи
Можност за замена
Сигурно плаќање
Може да ти се допадне
Често купувам онлајн, ама ретко кога сум вака задоволен од целиот процес. Производот пристигна побрзо од очекуваното, одлично спакуван и токму како на сликите. Ми се допаѓа што сите информации беа јасни и што можам да платам при достава. Ќе нарачам повторно.
-Анастасија Ф.
Имав мала дилема пред да нарачам, но поддршката на Mitra ми одговори за само неколку минути и ми помогна да го изберам вистинскиот производ. Кога пристигна, беше во перфектна состојба. Преголема разлика прави тоа што секогаш има кому да се обратиш.
-Калина В.
Не сум некој што остава коментари, но овојпат морав. Навистина вреди за парите. Квалитетот е супер, а најмногу ме доби тоа што доставата беше многу брза. Препорачувам без дилема.
-Филип С.
Целиот процес беше премногу едноставен. Избрав производ, внесов податоци и за брзо нарачката беше потврдена. Без компликации и без никакви проблеми што не е случај со онлајн шопингот во Македонија.
Петар Н.
Она што најмногу ми се допадна е изборот. На едно место најдов неколку брендови и производи кои инаку ги барам на повеќе сајтови. Кај Митра буквално завршив сè со една нарачка.
-Ана К.
Ми се допадна тоа што добив потврда и информации за нарачката веднаш. Целиот процес беше транспарентен и точно ми кажаа кога да ја очекувам доставата.
-Марко Т.
Прв пат купувам од Митра и искрено бев малку скептична, но сè помина одлично, од потврдата на нарачката до доставата. Дефинитивно ќе купам пак.
-Ивана М.
Сајтот е многу лесен за користење и брзо го најдов тоа што го барав. Нарачката ја направив за неколку минути. Фала ви многу
-Александар П.