1
Опис
ABC Design количката TakeOFF е еден од најпознатите патенти на мала и практична количка погодна за патување со сите видови превозни средства.
Препорачано за деца од 6 месеци старост до 15 кг телесна тежина.
Се пакува до минимални димензии и е практична за Аеродроми.
Лесна конструкција направена од високо-квалитетен алуминиум.
Подесива висина на наслон.
Сигурносни ремени со 5 позиции на подесување.
Ротирачки предни тркала со можност за фиксирање на правец.
Голема корпа за ствари на задната страна на количката,
Задна ножна кочница за обезбедување на количката на стрмнини.
Импрегниран, водо-отпорен кров, и високо - квалитетен текстил со голема отпорност на UV зрачење.
Во пакетот за испорака е содржана количка без додатоци. Транспортна торба се наплаќа дополнително.
Тежина на количката - 8,4 кг
Димензи на склопена количка - 50х44х30цм.
Abc Design количката TakeOFF e една од наjпрепознатливите и најпопуларни колички на ABC Design во Западна Европа поради својата компактност која ја прави погодна за патувања со различни видови на транспортни средства па така и за патувања со авион. Количката се пакува до навистина минимални димензии (50х44х30цм) и лесно се пакува во багажник на кола или на било кое друго место, Може да се купи и дополнителна заштитна транспортна торба специјално дизајнирана за оваа количка со штo се претвора во вистински патен систем кој на сeмејствата значително им го олеснува животот.
Големата корпа на задната страна на количката овозможува складирање на пелени, резервна облека или други нешта кои се потребни за секојдневието со бебе во движење. Врвниот квалитет на тркалата во комбинација со ротирачките предни тркала и особено во комбинација со малите димензии на оваа количка, го прави маневрирањето со истата неверојатно лесна задача.
Количката е наменета за деца од 6 месеци па до 15 кг тежина. Поседува ремени за обезбедување на детето додека седи во количката со 5 позиции на подесување, како и задна кочница неопходна за фиксирање на позицијата на количката на неравен терен или косини. Изработена е од високо квалитетен водоотпорен текстилен материјал кој штити од УВ зрачење.
Тежина: 8
Сигурна достава
Оригинални производи
Можност за замена
Сигурно плаќање
Може да ти се допадне
Често купувам онлајн, ама ретко кога сум вака задоволен од целиот процес. Производот пристигна побрзо од очекуваното, одлично спакуван и токму како на сликите. Ми се допаѓа што сите информации беа јасни и што можам да платам при достава. Ќе нарачам повторно.
-Анастасија Ф.
Имав мала дилема пред да нарачам, но поддршката на Mitra ми одговори за само неколку минути и ми помогна да го изберам вистинскиот производ. Кога пристигна, беше во перфектна состојба. Преголема разлика прави тоа што секогаш има кому да се обратиш.
-Калина В.
Не сум некој што остава коментари, но овојпат морав. Навистина вреди за парите. Квалитетот е супер, а најмногу ме доби тоа што доставата беше многу брза. Препорачувам без дилема.
-Филип С.
Целиот процес беше премногу едноставен. Избрав производ, внесов податоци и за брзо нарачката беше потврдена. Без компликации и без никакви проблеми што не е случај со онлајн шопингот во Македонија.
Петар Н.
Она што најмногу ми се допадна е изборот. На едно место најдов неколку брендови и производи кои инаку ги барам на повеќе сајтови. Кај Митра буквално завршив сè со една нарачка.
-Ана К.
Ми се допадна тоа што добив потврда и информации за нарачката веднаш. Целиот процес беше транспарентен и точно ми кажаа кога да ја очекувам доставата.
-Марко Т.
Прв пат купувам од Митра и искрено бев малку скептична, но сè помина одлично, од потврдата на нарачката до доставата. Дефинитивно ќе купам пак.
-Ивана М.
Сајтот е многу лесен за користење и брзо го најдов тоа што го барав. Нарачката ја направив за неколку минути. Фала ви многу
-Александар П.